Почитувани пријатели на Универзитетот,

Мојот говор сакам да го започнам со длабока почит и благодарност до сите наши студенти, кои 28 години порано, со примерна храброст и без никакво двоумење станаа највиталниот столб на првата институција на високото образование на албански јазик во овие простории. Тие станаа протагонисти, мисионери, факели и главни носители на платформата на Универзитетот во Тетово, основана од албански интелектуалци на чело со првиот и историски ректор, проф. д-р Фадил Сулејмани.

Сакам да изразам длабока почит и кон паднатиот борец за албанското образование, Абдилселам Емин, чија крв стана светлина на знаењето на патот за разојот на Универзитетот во Тетово.

Посебна чест заслужуваат и нашите браќа, кои помогнаа и му служеа на Универзитетот, преобразувајќи ги своите куќи во универзитетски аудиториуми, каде што се школуваа, стекнаа знаење и професионално се оспособуваа првите студенти на оваа институција. Никогаш не ги забораваме напорите на албанските семејства, кои придонесоа за подигањето на здрави нозе на нашиот Универзитет.

По 28 години незапирлива работа, Универзитетот во Тетово се претвори во вистински центар за образование и наука, не само во Македонија, туку и во регионот. Во овој храм на знаењето денес учат новите генерации од нашата земја, и од Република Албанија, Република Косово, Прешевската Долина и од албанска дијаспора.

Тие заедно со своите угледни професори оставија неизбришливи трагови на најважните процеси низ кои помина Универзитетот во Тетово, од основањето, почетокот на првите предавања до периодот по официјализирањето, интеграцијата и унапредувањето на Универзитетот.

Со посебен почит се сеќаваме и на тие кои придонесоа за развојот на Универзитетот, кои веќе не се меѓу нас, посакувајќи вечност за нивните дела.

Почитувани,

Во текот на оваа академска година, нашиот Универзитет постигна значајни резултати во сите области и успеа да ги оствари своите главни цели и мисија како високообразовна институција во нашата земја.

Од декември минатата година до денес, кога ја одбележуваме оваа годишнина, со посветеност на раководството на Универзитетот, ги реализиравме главните приоритети на оваа институција, како што се:

  • Уписот на новите студенти во академската 2022/23 година на прв и втор циклус на студии, над 3000 регистрирани студенти, што врз основа на споредбена анализа со претходните години, претставува пораст од 32%.
  • Дигитализација на сите студентски услуги и други административни процедури, во корист на олеснување на извршувањето на студентските обврски и услуги.
  • Поддршка за студентите со истакнат успех, ослободувајќи ги целосно од обврските за уплата на семестар.
    • Овде вреди да се напомене дека на екселентите на УТ се доделени 96 стипендии за студенти од прв циклус и 17 стипендии за студенти од втор циклус за академската 2022/2023 година.
  • Завршување на процесот на акредитација на 183 студиски програми, од кои 89 студиски програми во прв циклус студии и 94 програми во втор циклус, приспособени на барањата на пазарот на трудот, по извршениот процес на евалуација кај работодавачите;
  • Започнување на процесот на реакредитација на 17 програми во трет циклус на студии – докторски студии, како и акредитација на нови програми од овој циклус на студии.

Посебно значење во годината што ја оставаме зад нас, е посветено и на континуирано професионално усовршување, каде што оваа година се направени големи чекори кои вредат да се истакнат:

  • Добивање овластување од Министерството за здравство, со кое му се овозможува на Факултетот за медицински науки на Универзитетот во Тетово да врши специјализации од областите: семејна медицина, педијатрија, гинекологија, општа хирургија, кардиологија, интерна медицина и психијатрија, како и 20 овластувања за професори и доктори кои ќе бидат ментори и едукатори на новиот кадар.
  • Акредитација на обука на наставници и стручни служби на основните училишта во нашата земја за реализација на шест модули: Едукација во современ контекст; Развој на социо-емоционални вештини кај учениците; Родова еднаквост и родова чувствителност во училиштето; Настава заснована на пристап кон проблемот; Настава за развој на критичко размислување кај учениците; Дизајнирање на објективни тестови на знаење; Развивање на социјални вештини и самодоверба кај учениците, справување со проблематични однесувања и создавање позитивна социо-емоционална клима во училницата.

Јасно е дека, без научни истражувања и научни резултати не можеме да го водиме патот кон изнаоѓање решенија за големите предизвици на нашето време, како што се губењето на биолошката разновидност, климатските промени и социјалната нееднаквост. Како мултидисциплинарен универзитет, Универзитетот во Тетово има голем потенцијал да направи иновативни откритија и да ја промовира нивната примена. За ова ни требаат партнери и поддршка. Одржливата иднина се гради заедно. Со целосен успех организиравме десетици активности од научен и културен карактер, а за ефект на време издвојуваме само неколку од нив, како што се:

  • III Меѓународен конгрес на природни науки, медицина и технологии, во чии рамки се одржаа 5 научни конференции во соработка со 6 универзитети од регионот и 483 учесници, како и IV Меѓународен конгрес за хуманистички, општествени науки и уметности, во чија програма беа одржани 5 научни конференции од соодветни области во соработка со 25 универзитети и учествуво на 485 научни истражувачи;
  • Организацијата на XVI меѓународен семинар зо албанологија, на тема „Културата и глобализацијата“. Над 100 научни работници од лингвистика, литература, историја и етнокултура, во текот на научните сесии ги презентираа своите научни трудови, со нови размислувања и резултати за овие теми, кои не се само во интерес на истражувачите, туку и на јавното мислење;
  • Организацијата на XVI издание на културната манифестација „Мост со три сводови“. Оваа традиционална активност е заеднички проект кој го организираат Универзитетот во Тетово, Универзитетот за уметности во Тирана и Универзитетот во Приштина и претставува предизвик за студентите по уметност, да го посведочат својот талент и да ја изразат својата визија за уметноста;
  • Посебно значење му посветивме на објавувањето на научни списанија со меѓународен научен одбор, каде што се објавуваат научните истражувања и студии на истражувачи од земјата, регионот и пошироко.
  • Од оваа година во дата базата на ДОАЈ се индексирани 11 списанија на факултетите на Универзитетот во Тетово, што кулминираше со доделување на импакт фактор од страна на базата за индексирање на ISI Импакт Фактор.

Во текот на изминатата година, во соработка со меѓународни институции и институции од земјата успешно завршивме неколку научно-истражувачки проекти, како што се:

  • „Однесувања поврзани со здравјето на децата на училишна возраст во Република Северна Македонија“ (HBSC);
  • ЕРАЗМУС+, КА2 – Соработка за иновации и размена на практики, КА205-Стратешки партнерства за млади луѓе;
  • Проект „АРТ БЛОСОМ“ или „ЦВЕТ НА УМЕТНОСТА“ кој има за цел да ја зголеми вработеноста на млади невработени жени кои одгледуваат цвеќе и млади луѓе кои се стручни и компетентни во занаетчиството преку уметност и иновативни технологии;
  • „Мерење на перцепциите за нивото на корупција во јавните институции во Полошкиот регион“ спроведено во соработка со Универзитетот Врие од Амстердам и во рамките на Алијансата Аурора, конзорциум на европски универзитети со истражувачки цели, каде што Универзитетот во Тетово е придружен партнер.
  • За прв пат, во организација на Центарот за мир и транскултурна комуникација на Универзитетот во Тетово – Универзитетот Северен Илиноис (САД), и Американското катче во Тетово, ја реализиравме Летната школа 2022 година, чија цел беше детална презентација на владеењето на правото во Северна Македонија.

Покрај горенаведените проекти, организиравме и десетици други активности, како што се промоции на книги, академии во чест на истакнати личности и одбележување значајни датуми од нашата национална историја. Овде ја издвојуваме промоцијата на Монографијата на Универзитетот во Тетово, во временскиот период 1994/95 – 2004/2005 година, која беше промовирана токму во пресрет на 27-годишнината од почетокот на првите предавања. За истакнување е спомен-академијата за Рафи Халил – симболот на албанскиот национален отпор, Научниот симпозиум, на тема: „Придонесот на организацијата „Куштрими и Лирис„ и Рафи Халили во албанската историја“; кого вечно ќе го паметиме како непопустлив патриот, политички активист за спречување на дискриминаторските тенденции на југословенскиот комунистички диктаторски режим врз Албанците во Македонија, Косово и пошироко, како и промоцијата на делата „Реџеп Ќосја – филозоф, идеолог и политичар на националното прашање“ и „Мајка ми Михана Лама“, од познатиот генерал проф. д-р. Кудуси Лама.

По повод ноемвриските празници ги откривме имињата на главните амфитеатри, со имиња на истакнати личности кои оставиле неизбришлива трага во нашата национална историја. Трите амфитеатри на нашиот Универзитет веќе ги носат нивните имиња: Абдилселам Емини – маченикот на албанското образование, Рафи Халили – деец за националното прашање, Севасти и Парашќеви Ќиријази – првите две учителки по албански јазик од Битола.

Меѓународната соработка е многу важна за постигнување на целите и на Универзитетот во Тетово, за која постојано работиме на нивно остварување.

Еден од идните столбови на високото образование во Европа се европските универзитетски сојузи. На Универзитетот во Тетово веќе стекнавме големи искуства од Алијансата АУРОРА која создава иновативни форми на соработка помеѓу 13 европски универзитети. Универзитетот во Тетово е составен дел од ова избрано семејство на универзитети, која има за цел развивањето на научно-истражувачката дејност, секогаш имајќи го предвид придонесот и неизбежната улога на универзитетите во заедниците што ги претставуваат.

Посебно значење и дадовме на меѓууниверзитетската соработка со албанските универзитети, универзитетите од регионот и меѓународните универзитети, интензивирајќи ги меѓуинституционалните односи. Вклучивме нови договори за соработка со Универзитетот во Инсбрук, Букурешт, Ајова во САД, Алто Дуро во Португалија, Универзитетот во Малта, Академијата на науките на Република Албанија; Академијата за ликовни уметности во Пловдив, како и десетици меѓуинституционални договори во рамките на Еразмус платформата од цела Европа, се доказ за нашата посветеност на интернационализацијата на Универзитетот во Тетово. Исто така, како Универзитет, потпишавме продолжување на Договорот со Magna Charta Universitatum.

Во академската 2021/22 година, на Универзитетот во Тетово, Националната агенција за европско образование и мобилност му одобри 80 мобилности за студенти, 60 за студии и 20 за практична работа, како и 17 мобилности за академски и административен кадар. Сите овие мобилности се искористени и размената е направена во различни европски земји, како што се: Германија, Шведска, Литванија, Чешка, Романија, Бугарија и Турција.

И оваа година се заложивме за подобрување и унапредување на условите за работа и студирање. Така, во делот на капиталните инвестиции, заедно со Министерството за образование инвестиравме во реконструкција и адаптација на просторите на поранешниот ректорат, каде што е Факултетот за физичка култура, дел од Факултетот за уметности, Факултетот за применети науки и Факултетот за прехранбена технологија и исхрана. Со поддршка на Амбасадата на САД во нашата земја свечено ја отворивме Правната клиника која ќе им служи на студентите на Правниот факултет за реализација на наставата и практичната работа. Исто така, со донација на турската агенција за соработка и координација „Тика“ пуштена е во употреба Истражувачката лабораторија за психологија која ќе биде во функција на Филозофскиот факултет.

Почитувани присутни,

Ја користам приликата да им се заблагодарам на сите оние кои со својот труд, талент или едноставно со обична човечка добрина секојдневно придонесуваат за развојот на нашиот Универзитет. Ова е наша заедничка работа, која ја поддржуваат раководството, професорите, академските и административниот кадар, вработените во пензија и особено големиот број на аклуелни и дипломирани студенти. Токму денес сакам да им се заблагодарам многу на сите овие луѓе, на кои им изразувам најдлабока благодарност. Со благодарност да се потсетиме и на сите оние истакнати членови на академската заедница, кои сега не се меѓу нас, чија работа не само што придонесе за развојот на нашиот Универзитет, туку следствено влијаеше и на стручната и академската подготовка на сите оние кои ја имале честа да работат и соработуваат со нив.

Нашите студенти се столбот на оваа институција. Работиме секој ден за да изградиме благосостојба и одржлива иднина како универзитет. Денешните студенти се тие кои ќе ја обликуваат иднината, а наша обврска како Универзитет е да им ја обезбедиме најдобрата можна почетна точка за менување на светот. Со полна уста им велам, Вие студенти сте Универзитетот!

На крајот од мојот говор дозволете ми да нагласам дека сите заедно – студенти и професори, ќе чекориме самоуверено кон иднината со определба и визија ова огниште на светлината и знаењето да го трансформираме во модел на центар за високото образование.

Нека е благословен Универзитетот во Тетово!

Проф. д-р Јусуф Зејнели
Ректор на Универзитетот во Тетово

проф. д-р Јусуф Зејнели
2023-2026

проф. д-р Куштрим Ахмети
2022-2023

проф. д-р Решат Ќахили
Декември 2021-Мај 2022

проф. д-р Вулнет Амети
2012-2022

проф. д-р Агрон Река
2009-2012

проф. д-р Сади Беџети
2006-2009

проф. д-р Неџбедин Беадини
2003-2006

проф. д-р Рамиз Абдyли
Јануари-Март 2003

проф. д-р Фадил Сулејмани
1995-2003

Историја на УT

Универзитетот во Тетово е отворен и достапен за сите оние кои како студенти, наставници или соработници, со своите интелектуални и морални квалитети, во амбиентот на универзитетска автономија како наод за академска слобода на индивидуално изразување и докажување на вештините и квалитетите придонесуваат во областа на образованието, науката и професионализмот.
Универзитетот во Тетово има кратка историја но долго минато.
Оваа институција е основана на 17 декември 1994 година како иницијатива на албанските интелектуалци, невладини организации и разни аполитички здруженија и сите ентузијасти од високото образование во земјата и пошироко.
Од оваа гледна точка, активноста, развојот на УT може да се подели на два периода:
Период: 1994-2003 е историското време на создавање на Универзитетот во Тетово
Период: 2004-2010 е период на институционалниот развој на Универзитетот и времето на академска и физичка модернизација.
Универзитетот од вонредната состојба, почна да се движи кон академски, концептуални и институционални реформи. Плод на оваа непрекината активност е новата физиономија на УT.
Затоа УТ се потврдува како реформирана, високообразовна институција како единствен јавен центар на албански јазик во Северна Македонија за специјализација и научно истражување. УT е член на Европската универзитетска асоцијација.
Денес УТ е структуриран на 13 факултети, 65 студиски програми, 115 студиски области и 3 научно-истражувачки институти.
Научно–истражувачки процес
Академскиот кадар се состои од 273 редовни професори и 355 вонредни професори ангажирани во одреден временски период, односно за една академска година, со цел на прогресивен раст.
Во однос на наставно-образовниот процес, Универзитетот им посветува посебно внимание на спроведувањето на Болоњските реформи и реформите во областа на стручното и научното истражување, иако оваа компонента сé уште е далеку од целите на УТ во споредба со развиените земји. Овие истражувања се спроведуваат преку заеднички проекти благодарение на Еразмус, ДААД, Темпус проекти и др. за истражување и развој. Потпирајќи се на европските стандарди, квалитетот на академските истражувања е во пораст.
Во однос на Болоњската Карта, УТ е во почетна фаза на неговиот развој, во фаза на имплементирање и прифаќање на Болоњскиот модел според шемата 3+2+3 или 4+1+3 (Bachelor+Master+PhD). Применувајќи го новиот европски систем на студии, УТ има цел во скоро време да биде интегрален дел на европските универзитети, студентите да придобиваат поквалитетно професионално формирање и нашите дипломи да се ближат со оние на развиените земји. Фактот дека дипломите добиени во УТ се компатибилни со дипломите на западните универзитети го докажуваат многубројните студенти кои по дипломирањето се вработуваат или нивните постдипломски студии ги продолжуваат во други универзитети надвор од земјата.
Следниот период ќе биде периодот кој ќе даде потекло на УТ:
– Универзитетски кампус (каде сите факултети ќе се концентрираат на едно место). Кампусот ќе се состои од: зграда за сместување на студенти, магистри, студенти на докторски студии, студенти на специјализација, визитинг професори и други гости, студентски дом, студентска менза, спортска сала, универзитетска библиотека, модерен компјутерски центар, изградба на лаборатории;
– Имплементација на систем за трансфер и акумулација на кредити – ЕКТС како систем за акумулација на кредити и како систем за трансфер на кредити;
-Императив за имплементација на ЕКТС ќе биде мобилноста на студентите со цел студентите да имаат можност да го продлабочат своето знаење на други универзитети кои се потписници на европската Mагна Карта;
– Интернационализација и интеграција на нашиот Универзитет во сите европски универзитетски форуми, односно во семејството на современите универзитети. Во овој контекст, соработката со универзитетите во регионот и пошироко се зголеми тројно;
– Зајакнување на научно-истражувачката работа и покрај академската, ќе даде поттик за димензионирање на академскиот процес што се одвива на универзитетот;
– Понудата и развојот на Е-учење – учење преку интернет, електронски аудио книги, ќе го зголеми квалитетот на учењето;
– Пуштање во употреба веќе обезбедени аудио-визуелни уреди, со цел да се спроведе методата на ”учење од далечина” со кој учениците од посебните училници ќе можат да посетуваат предавања од далечина;
– Завршување на академски капацитети и опремување на лаборатории со најсовремена опрема;
– Развој и имплементација на повеќе проекти во рамките на институтите кои претставуваат интегрална единица на Универзитетот, како што се Институтот за екологија и технологија, Институтот за албански јазик и култура ,,Јосиф Багери” итн;
– Интензивната поврзаност со европските образовни и истражувачки програми (ТЕМПУС, ДААД, УСАИД, СОРОС, НАТО, ЕУ, амбасади од различни земји) се приоритети подготвени во стратегијата на Универзитетот;
– Дисперзија на студиските програми во други градови, процес што ќе биде компактибилен со оние на средните училишта, со единствена цел студентите да бидат поблиску до учениците.
Нивото на работа и постигнување на досегашната работа нè тера да се гордееме, но исто така да бидеме заангажирани да преземеме активности кои ќе го ориентираат универзитетот кон современите академски институции. Ректоратот и академскиот кадар, пред сé имаат историска одговорност за создавање на нови системи на вредности, особено во образованието, науката и културата.
Целите на Универзитетот
Целта на Универзитетот да биде поблиску до студентите резултираше со решение студиските програми да се дисперзираат во некои градови во Република Северна Македонија. Бројот на студенти од година до година се зголемува и сега во УТ студираат околу 13000 студенти со активен статус на студии. Бројот на студенти од разни ентитети е во пораст, ако пред 3 години студирале неколку десетици студенти денеска студиите ги продолжуваат неколку стотици студенти од разни ентитети или поточно нивниот број е околу 10% од вкупниот број на студенти.
Целта на УТ е да биде Универзитет за сите граѓани на Република Северна Македонија затоа е отворен за сите студенти што сакаат да студираат, без национални и верски разлики. Во споредба со бројот на примени студенти во другите универзитети во земјава, бројот на новите студенти на УТ кажува раст од 30%. Ова може да е показател дека УТ се развива во точна насока и со сигурни чекори оди кон семејството на европските универзитети. Понудата на УТ за идните студенти е конкурентна и целосна. Ние нудиме студиски планови и програми за сите профили и евтини тарифи за студирање. Квалификуваниот академски кадар, соработката на УТ со други познати универзитети од регионот и светот и најзначајното, емоционалната врска што ја чувствуваат Албанците за овој универзитет. Жртвувањето и нивниот придонес го подигнаа овој универзитет до ова ниво како единствен државен универзитет со настава на албански јазик. Сето тоа е причина да се запишете на овој универзитет.

Претседател на Сенат | проф. д-р Вулнет Амети
Ректор
| проф. д-р Јусуф Зејнели
Проректор за образование | проф. д-р Ибрахим Незири
в. д. Проректор за меѓународна соработка | проф. д-р Салајдин Салихи
Проректор за наука | проф. д-р Агон Мемети
Генерален секретар | Адем Беадини
проф. д-р Фатбарда Исмаили
проф. д-р Сали Жаку
проф. д-р Шехерзада Мурати
проф. д-р Зеќирја Идризи
проф. д-р Лулзиме Камбери
проф. д-р Ндерим Зеќири
проф. д-р Асан Идризи
проф. д-р Метин Изети
проф. м-р Бајрамали Идризи
проф. д-р Сади Беџети
проф. д-р Ќенан Ферати
проф. д-р Милазим Камбери
проф. д-р Флорим Идризи
проф. д-р Фламуре Ибраими Садику
проф. д-р Џабир Абдулаху
проф. д-р Мерије Елези
проф. д-р Хазир Положани
проф. д-р Елми Јусуфи
проф. д-р Насер Раими
проф. д-р Астрит Исени
проф. д-р Фатон Шабани
доц. д-р Беса Догани
доц. д-р Арбреша Зенки Далипи
Елиеса Жаку
Беса Беџети
Арди Мемети

Ректор | проф. д-р Јусуф Зејнели
Проректор за образование | проф. д-р Ибрахим Незири
в. д. Проректор за меѓународна соработка | проф. д-р Салајдин Салихи
Проректор за наука | проф. д-р Агон Мемети
Генерален секретар | Адем Беадини
Декан на Филозофски факултет | проф. д-р Ибиш Кадриу
Декан на Педагошки факултет | проф. д-р Лулзим Мемеди
Декан на Филолошки факултет | проф. д-р Бертон Сулејмани
в. д. Декан на Правен факултет | проф. д-р Ебрар Ибраими
Декан на Економски факултет | проф. д-р Брикенд Азири
Декан на ПМФ | проф. д-р Алит Ибраими
Декан на Факултет за физичка култура | проф. д-р Шпреса Мемиши
Декан на Факултет за применети науки | проф. д-р Енис Јакупи
Декан на Факултет за уметности | проф. м-р Сенад Абдули
Декан на Факултет за медицински науки | проф. д-р Невзат Елези
Декан на Факултет за прехранбена технологија и исхрана | проф. д-р Џезаир Идризи
Декан на Факултет за бизнис администрација | проф. д-р Локман Ебиби
Декан на Факултет за земјоделство и биотехнологија | доц. д-р Бардил Лимани
Претседател на студентскиот парламент | Ладон Мурсели

Музеј на Универзитетот во Тетово

Во село Порој, во близина на Тетово, постои музеј кој ја документира отрезнувачката историја на основањето на Универзитетот во Тетово во 1994 година.

Решени да се започне високото образование на албански јазик, членови на заедницата се собраа да го формираат овој универзитет во Тетово.
Членовите на заедницата сакаа да основаат еден универзитет во Тетово, каде што студентите би можеле да учат на албански јазик. Без поддршка од државата, заедницата се собра во импровизирани училници во куќите на луѓето. Овој напор беше исполнет со отпор. Сепак, како што можете да видите во весниците и изложбата во музејот, на една од фотографиите е евиндентирано дека селаните излегоа на улиците за да ги заштитат студентите, откако околу 300 војници беа испратени за да се справат со ситуацијата.

Всушност, основањето на музејот на Универзитетот во Тетово е еден од најзначајните моменти во текот на животниот век на оваа институција колку што претставува поврзувањето меѓу минатото и иднината.
Музејот на Универзитетот во Тетово е отворен во Blackwell History of Education Museum — Collage of Education во Универзитетот во Северен Илиноис, Чикаго, САД.

http://news.cedu.niu.edu/coe_news/cameras-eye-blackwell-photo-exhibition-to-tell-tale-of-tetova/

Не пропуштајте ја големата шанса да го посетите овој музеј!

 

ИТ центар

Рамазан Фетаи

E-mail: ramazan.fetai@unite.edu.mk

Центар за мир и транскултурална комуникација

Мр. Сц. Доника Камбери

E-mail: centerforpeace@unite.edu.mk | donika.kamberi@unite.edu.mk

Центар за студентски услуги и кариери

E-mail: careercenter@unite.edu.mk

Центар за странски јазици

проф. д-р Иса Спахиу

E-mail: isa.spahiu@unite.edu.mk

Генерален секретар

Адем Беадини

E-mail: adem.beadini@unite.edu.mk


Kанцеларија за образование
E-mail: zyraperarsim@unite.edu.mk

Kанцеларија за меѓународна соработка
Раководител: доц. д-р Хатибе Деари
E-mail: international@unite.edu.mk | hatibe.deari@unite.edu.mk

Kанцеларија за финансии и сметководство
Раководител: м-р Имберјах Таири
E-mail: imberjah.tairi@unite.edu.mk

Kанцеларија за правни работи
Раководител: м-р Флориан Несими
E-mail: florian.nesimi@unite.edu.mk

Канцеларија за информирање
Раководител: м-р Селам Сулејмани
E-mail: press@unite.edu.mk

Kанцеларија за управување со проекти
E-mail: projects@unite.edu.mk

Kанцеларија за научно истражување и иновации
E-mail: zshi@unite.edu.mk

Канцеларија за управување со квалитет и евалуација
Раководител: доц. д-р Шерузе Османи Балажи
E-mail: evaluation@unite.edu.mk

Универзитетски координатор за ЕКТС
Раководител: м-р Насер Рамадани
E-mail: naser.ramadani@unite.edu.mk

Канцеларија за докторски студии
Раководител: Валмиса Нови
E-mail: doktoratura@unite.edu.mk

Канцеларија за дипломи
Раководител: Емин Зејнели
E-mail: emin.zejneli@unite.edu.mk

Листа на универзитети со кои Универзитетот во Тетово потпиша договори за соработка

Северна Македонија

БР. УНИВЕРЗИТЕТ
1 Универзитет „Св. Климент Охридски“
2 Универзитет „Гоце Делчев“
3 Универзитет за информатички технологии и науки „Свети Апостол Павле“
4 Универзитет за туризам и менаџмент
5 Универзитетот ФОН
6 Универзитет на Југоисточна Европа
7 Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје

Албанија и Косово

БР. УНИВЕРЗИТЕТ
1 Универзитет во Тирана
2 Универзитет во Приштина
3 Yниверзитет „Александер Џувани“ во Елбасан
4 Универзитет „Александер Моисиу“
5 Универзитет „Фан С. Ноли“
6 Универзитет „Марин Барлети“
7 Универзитет „Еќрем Чабеј“
8 Универзитет „Луиѓ Гуракуќи“
9 Универзитет „Исмаил Ќемали“
10 Академија за физичка култура и спорт „Војо Куши“
11 Земјоделски Универзитет во Тирана
12 Европски Универзитет во Тирана
13 Универзитет ЕПОКА
14 БпрАЛ „УниМедика“ во Приштина
15 Колеџ Универзум  во Косово
16 Универзитет за медицина во Тирана
17 Колеџ за медицински науки „Резонанца“ во Приштина

Турција

БР. УНИВЕРЗИТЕТ
1 Универзитет во Истанбул
2 Универзитетот во Тракис
3 Универзитет во Сакарја
4 Универзитет Ондокуз Маyис“
5 Универзитет во Хакџепе
6 Универзитет „Целал Бајар“
7 Универзитет Коксаели
8 Универзитет во Билеџикут
9 Универзитет Мармара
10 Технички универзитет Јилдиз“
11 Универзитет Киклалели
12 Универзитет за трговија во Истанбул
13 Универзитет Улудаг
14 Универзитет Мехмет Акиф Ерсоy
15 Техничкиот универзитет во Бурса
16 Универзитет во Чанаккале
17 Универзитет Ататурк

Други

БР. УНИВЕРЗИТЕТ
1 Универзитет во Марибор, Словенија
2 Универзитет во Загреб, Хрватска
3 Универзитет во Риека, Хрватска
4 Универзитет во Љубљана, Словенија
5 Универзитет во Тузла, Босна и Херцеговина
6 Универзитет во Мостар, Босна и Херцеговина
7 Универзитет во Ниш, Србија
8 Универзитет во Сараево, Босна и Херцеговина
9 Универзитет Џемал Бидедич“, Босна и Херцеговина
10 Универзитет во Нови Пазар, Србија
11 Универзитет во Нови Сад, Србија
12 Универзитет во Бања Лука, Босна и Херцеговина
13 Универзитет во Зеница, Босна и Херцеговина
14 Универзитет во Задар, Хрватска
15 Универзитет во Травник, Босна и Херцеговина
16 Економски факултет во Суботица, Србија
17 Сити колеџ“ градски универзитет во Њујорк
18 Универзитетот во Мурсија, Шпанија
19 Компостела Богословскиот институт – Понтификален универзитет во Саламанка, Шпанија
20 Источен Медитерански универзитет во Северен Кипар
21 Среден источен технички универзитет, кампус во Северен Кипар
22 Универзитет Св. Кирил и Методиј“ во Велоко Трново, Бугарија
23 Универзитет за технологија за храна во Пловдив, Бугарија
24 Универзитет за применети науки во Џамк, Финска
25 Универзитет во Калабрија, Италија
26 Алма Матер Европа-Европски центар во Марибор, Словенија
27 Универзитет за медицина во Грац, Австрија
28 Универзитет Алдо Мур во Бари, Италија
29 Универзитет во Северен Илиноис, САД
30 CASS Европски институт за менаџмент студии во Париз, Франција
31 Д-р Вишванат Карад МИТ Светски универзитет за мир МИТ-ВПУ, Индија