Факултетот за медицински науки при Универзитетот во Тетово денес, преку неколку активности организирани од страна на научната група и студентскиот парламент на овој факултет, го одбележа 14-ти ноември, Светскиот ден на дијабетесот.
Деканот на Факултетот за медицински науки при Универзитетот во Тетово, проф. д-р КастриотХаџиреџа рече декапреку оваа активност Универзитетот во Тетово, односно Факултетот за медицински науки, го прави нашиот град Тетово да биде дел од сите градови низ светот, кои спроведуваат кампањи за подигнување на свеста за дијабетесот.Тој потоа истакна: „За мене е големо задоволство да го гледам Тетово меѓу овие градови. Факултетот за медицински науки кампањата за подигнување на свеста ја организира неколку години по ред.Познато е дека дијабетесот е хронична болест, која не може да се спречи, но проблемите кои можат да произлегуваат од дијабетесот може многу успешно да се забават или целосно да се избегнат благодарение на грижата на пациентите за нивното здравје.Ова е целта и мотото на оваа кампања за подигнување на свеста, да ги освестиме нашите граѓани дека со поголема грижа, со користење на соодветна терапија, може да се спречи поголемиот дел од компликациите што може да произлезат од оваа болест. Колку што гледам студентите се многу добро организирани,а граѓаните покажуваат интерес да се консултираат и да го измерат нивото на шеќерот во крвта. Уште еднаш им се заблагодарувам на студентите, организациската група за добрата работа што ја направија денес.“
Координаторотна научната група на Факултетот за медицински науки, доц. д-р АрбрешаБеџети-Ферати изрази големо задоволство од оваа активност бидејќи многу граѓани направиле бесплатни контроли и дека повеќето од нив биле детално информирани за причините кои би можеле да доведат до дијабетес. „Како и секоја година, студентите и професорите на Факултетот за медицински науки посветуваат посебно внимание на одбележувањето на овој ден. Тие преку бесплатните контроли за граѓаните во центарот на Тетово и споделувањето на материјалите околу дијабетесот, како една од најраспространетите хронични болести, не само во нашето општество, туку и пошироко, ја поттикнуваат јавноста да ѝ посветат поголемо внимание на оваа болест.Студентите или идните лекари ги информираа граѓаните за превентивните мерки што треба да ги преземат против ширењето на дијабетесот. Ние ќе продолжиме со нашите активности, чија цел е да се подигне свеста кај граѓаните за разни болести “- соопшти доц. д-р АрбрешаБеџети-Ферати.
Студентите на Факултетот за медицински науки, поделени во неколку групи, првично ги информираа граѓаните за дијабетесот, а потоа им правеа бесплатни контроли за проверка на нивото на гликоза во крвта Исто така, им дадоа препораки на граѓаните за храната која треба да се консумира и ги упатија да им посветат поголемо внимание на физичките активности.